Веќе нема дилеми, Рома го потврди ангажманот на фудбалерот на Челси


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од таборот на Рома го потврдија трансферот на сега веќе поранешниот фудбалер на Челси, Педро.

Педро како слободен агент потпиша тригодишен договор со Рома откако неговиот договор со Челси истече по крајот на сезоната.

„Среќен сум што сум овде во Рома. Возбуден сум за новиот предизвик и подготвен сум да се натпреварувам за нови цели во следните сеозни. Им се заблагодарувам на фановите за прекрасното добредојде кое го добив и се надевам дека ќе ги направам среќни во иднина“ –изјави Педро.