Велковски нема да настапи против Лихтенштајн, Адеми ќе добие мала минутажа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски нема да може да настапи ниту на мечот против Лихтенштајн поради проблеми со повреда, додека Аријан Адеми ќе има само одредена минутажа.

Велковски заработи повреда пред натпреварот со Романија, пе се очекува да се врати за дуелот против Германија на 31 март.

„Велковски е подобар, но нема да игра утре, иако има шанси да настапи против Германија. Адеми ќе има одредена минутажа, додека другите се во добра форма“, кажа селекторот Игор Ангеловски.

Македонија го загуби првиот меч против Романија со 2-3, па ќе се обиде да го поправи впечатокот во дуелот против Лихтенштајн.