Венгер имал понуди од Јунајтед и ПСЖ, ама им кажал – не!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер открива приказни од неговата кариера, па така во интервју за „Тајмс“ призна дека имал неколку понуди во кариерата, кои ги одбил.

Венгер кажа дека добил понуда од Манчестер јунајтед, но не открива кога се случило тоа, односно дали било во време на Сер Алекс Фергусон или по него.

„Имавме големи битки. Сер Алекс е интелигентен човек, не може да имате таква кариера ако сте глупав. Јунајтед ми нудеше да бидам нивни тренер, но не откривам кога се случи тоа“, вели Венгер.

Не е тајна ниту дека ПСЖ сакаше да го ангажира францускиот стратег, но тој им се заблагодарил за понудата.

Арсен Венгер го водеше Арсенал од 1996 до 2018 година и за тоа време освои три шампионски титули, а во 2004 онаа најславната без пораз.