Венгер ја губи големата желба? Топџиите се вртат кон одличниот Французин


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид Алваро Мората е голема желба на Арсенал, а управата на Мадриѓаните не е спремна да го  пушти 23-годишниот напаѓач за помалку од 68 милиони евра.

Како што пренесува “Evening Standard”, Арсенал не е спремен да плати толку, па во случај ако челниците на кралскиот клуб не се одлучат да ја спуштат цената, во целост ќе се свртат кон напаѓачот на Лион Александре Лаказет.

Освен Арсенал, голем е интересот за Мората, кој после две сезони играње во Јувентус, се врати на Сантијаго Бербабе, покажа и Челси.

Шпанскиот напаѓач во текот на двете сезони играње за Старата дама запиша 93 настапи со 27 голови и освои две титули со два Куп на Италија.

Со Реал има освоено титула во Примера, два Куп на Кралот и трофеј во ЛШ.