Венгер оптимист: Арсенал ќе ја освои титулата заедно со Артета!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот тренер Арсен Венгер смета дека неговиот поранешен тим Арсенал може да ја освои Премиерлигата, а во тоа ќе му помогне Микел Артета.

Венгер е задоволен од напредокот на тимот откако пристигна Артета на чело на тимот, па смета дека „топчиите“ ќе се вратат каде што им е местото.

„Верувам во тоа дека има добар однос со тимот. Потрошивме многу пари, купивме добри фудбалери, мислам дека може да ја освоиме титулата, зошто да не?“, кажа Венгер.

Арсенал во првите четири кола во англискиот шампионат запиша три победи, па може да се каже дека имаат многу добар почеток на сезоната.