Венгер смета дека е лудо да се дадат толку пари за Погба


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, смета дека е целосно лудо да се плати 100 милиони и повеќе за Пол Погба.

Трансферот на Погба од Јувентус во Јунајтед е најголема сага во ова лето, но се е извесно дека Французинот доаѓа на Олд Трафорд.

„Тоа е целосно лудо, но живееме во таков свет, секоја активност е скапо се плаќа“, рече Венгер, па додаде:

„Може ли играч да оправда се и да го врати вложеното? Никој тоа не може да го пресмета. Долго сум во спортот, мислам дека сеуште дека не може повеќе, но рекордите секогаш паѓаат“.