Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Французинот Арсен Венгер (70) потврди дека е заинтересиран за да ја превземе клупата на Баерн.
Баварците интензивно се во потрага по нов тренер после отказот на Нико Ковач по лошите резултати, а токму поранешниот менаџер на Арсенал би требало да дојде на негово место.
Венгер има почит и од навивачите на Баерн, како и од целокупната јавност, а ниту тој самиот не би имал нешто против тоа да се врати во тренерските води и да ја проба и Бундеслигата.
„Никогаш не би одбил да разговарам со Баерн, бидејќи ги познавам луѓето кои го предводат тој клуб веќе 30 години. Одамна, многу одамна бев блиску за да го превземам тој клуб“, рече Венгер во разговорот за БИЕН Спорт, па откри и како лесно би се прилагодил на новата средина.
„Течно го зборувам германскиот“.
Без ангажман Венгер остана минатото лето кога си ги разделија патиштата со Арсенал.
„Сеуште немам одлучено дали повторно ќе почнам да работам како тренер. Задоволен сум и со моменталниот живот, но вистина е дека тренирањето ми недостасува, така да самата одлука која треба да ја направам за мене е предизвик“
Додека не се именува нов тренер, германскиот тим во претстојниот натпревар против Борусија ќе го води досегашниот помошник Ханс Флик.