Верати ќе го пропушти натпреварот против Баерн Минхен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот фудбалер Марко Верати се повреди за време на натпреварите со италијанската репрезентација и ќе мора да го пропушти дуелот против Бугарија.

Исто така, Верати нема да настапи ниту во француското дерби меѓу Лил и ПСЖ, а најверојатно нема да игра ниту на мечот против Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампиони (ЛШ).

Првиот меч меѓу гигантите е закажан за 7 април во Минхен, додека реваншот е на 13 април во Париз. Баерн претходно објави дека нема да може да смета на Роберт Левандовски поради повреда, па двата тима нема да бидат комплетни.

Верати е важен играч во тимот на Парижаните, но како што Баерн има широк ростер и потенцијална замена за Лева, така и францускиот клуб може да се пофали со широка лепеза од одлични играчи на секоја позиција.