Верати предупреди: Мора да внимаваме на контрите на Македнија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најстандардните фудбалери на Италија, Марко Верати кажа дека Македонија има опасно оружје, а тоа е контра-нападот.

Италијанците ќе бидат претпазливи во мечот во четврток, а очекуваат Македонија да се брани, но нашиот контра-напад е нешто што најмногу ги плати и за тоа зборуваше Верати.

„Македонија е тим кој се брани одлично, мора да внимаваме на нивната контра. Ќе мора да пронајдеме вистински простор за да ги ставиме под притисок и да им ја отежниме работите. Разговаравме со селекторот Манчини и работиме на тоа, знам дека нè очекува фантастичен дуел“, вели Верати.