Весбтрук на спектакуларен начин се запиша во историјата на НБА 📷


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фантастичниот Расел Вестбрук спектакуларно ја почна авантурата во Вашингтон визарс. Во сите четири меча по пристигнувањето од Хјустон рокетс оствари трипл-дабл.

Четвртиот му беше во поразот од 130-133 против Чикаго, кој го предводеше Ото Портер јуниор со 22 поени и 12 скокови, додека Томас Брајант и Бредли Бил постигнаа по 28 поени.

Вестбрук со 22 поени, 10 скокови и 11 асистенции стана втор кошаркар во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот кој првите четири меча ги завршил со трипл-дабл.

Покрај него, тоа претходно му успеа само на Оскар Робертсон, еден од најголемите кошаркари во историјата.