Вестбрук испиша историја – се израмни со Робертсон и на праг е до целосна доминација! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Расел Вестбрук го стигна Оскар Робертсон и тоа на одличен начин, откако го блокираше последниот шут на Индијана, а притоа постигна 33 поени, 19 скокови, 15 асистенции и тоа беше неговиот 181. трипл-дабл во кариерата.

Вестбрук со новиот трипл-дабл се израмни со Робертсон на вечната листа, па му недостига уште еден за да го урне рекордот и да постави целосна доминација.

Неверојатниот Вестбрук го засени и Бредли Бил, кој постигна 50 поени, како и трипл-дабл на Сабонис со 30 поени, 13 скокови и 13 асистенции.