Видал случајно откри каде ќе ја продолжи кариерата? (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал на крајот на сезоната најверојатно ќе ја напушти Барселона. Тој стигна пред две години во Каталонија, но не доби голема минутажа која ја очекуваше.

Шпанските медиуми пишуваат дека Видал не е заинтересиран да биде дел од трансферот на Миралем Пјаниќ или Лаутаро Мартинез, па сам ќе избере нов клуб ако мора.

Претходните денови се појавија шпекулации дека Видал се враќа во Јужна Америка, односно Аргентина, каде што сака да настапи за Бока јуниорс.

Тој дополнително ги загреа шпекулациите затоа што „лајкна“ фотографија на Инстаграм која го покажува него во дресот на аргентинскиот гигант.