Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Славко Винчиќ имаше чест да суди на финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија, а на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Словенецот скоро целото второ полувреме го молеше Лионел Меси истото нешто.
Откако натпреварот заврши, дојде и до тепачка која ја предизвикаа арогантните Аргентинци, поради што некои од нив сигурно ќе бидат казнети откако ФИФА ќе ја заврши својата истрага.
Најмногу критики доби Леандро Паредес, кој влезе на теренот на полувремето, а потоа почна да „тепа“ Шпанци. Токму Паредес ја започна тепачката кон крајот на средбата кога го фати за врат Ерик Гарсија, го турна Гави и почна да ги удира со рацете.
Дека Паредес е „темпирана бомба“, Винчиќ сфати веднаш на почетокот од второто полувреме кога имаше неколку жестоки стартови, поради што му даде жолт картон веќе во 52. минута.
Се појави и видео на кое се гледа дека Винчиќ до крајот на натпреварот во скоро секој разговор го молеше Меси да обрне внимание на Паредес и да се обиде да го смири.
„Меси, контролирај го Паредес. Има жолт картон. Те молам, контролирај го. Секогаш, секогаш мораш да го држиш на око“, му рече Винчиќ на капитенот на Аргентина.
🚨🚨 𝗡𝗘𝗪 𝗩𝗜𝗗𝗘𝗢: ФИФА објави ШОКАНТНО видео од камерата на судијата ПРОТИВ желбите на Инфантино.
Славко Винчиќ 🗣️: „Меси, контролирај го Паредес, контролирај го Паредес, има жолт, не сакам да го исфрлам.“ 🤯
Дали навистина беше договорено да се фаворизира Аргентина? 🤔…— 𝐓𝐌 𝐅Ú𝐓𝐁𝐎𝐋 (@TMfutbal) 16 август, 2026
















