Винисиус одби да носи легендарен дрес на Реал Мадрид


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во сите европски гиганти постојат еден или повеќе легендарни дресови кои ги носеле поранешни ѕвезди, па така за Барселона е „десетката“, за Манчестер јунајтед е „седумката“, како и за Реал Мадрид.

Во минатото дресот со бројот седум го носеа фудбалери како Кристијано Роналдо и Раул, а таква можност му се даде и на Винисиус Жуниор.

„Кралевите“ му го понудиле легендарниот дрес на бразилскиот фудбалер, кој ја одбил понудата и решил да го носи дресот со број 20 и во следната сезона.

Засега не е позната причината зошто Винисиус одбил да го носи дресот со број седум, меѓутоа медиумите шпекулираат дека не сакал да земе дополнителен товар затоа што навивачите ќе очекуваат многу повеќе од него во иднина.