Винисиус распали по судиите: Тешко е на Копа Америка…


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Бразил славеше со 4-1 против Парагвај на Копа Америка, но бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор не беше задоволен поради неколку причини.

Винисиус постигна два гола против Парагвај, а по натпреварот ги критикуваше судиите кои имале спорни одлуки.

„Тешко е да се игра на овие стадиони поради квалитетот на терените, а притоа и судиите се против нас, тие не судат очигледно прекршоци. Тешко е да се објасни начинот на кој се однесуваат со нас“, кажа Винисиус.

Бразила има четири бодови и се наоѓа на втората позиција во групата Д, додека Парагвај е последен без бодови.