Винс Картер ја заврши кариерата без збогување (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендарниот кошаркар Винс Картер најави дека ова му е последна сезона, но не очекуваше да ја заврши на ваков начин.

Одлуката да се играат сите натпревари од НБА-лигата на една локација, а тоа ќе биде „Дизни Ленд“ во Орландо ја заврши кариерата на еден од највлијателните и најхаризматичните играчи во лигата.

„Ер Канада“ не знаеше дека ќе продолжи лигата во овој формат, што автоматски значи и крај на неговата кариера.

Сезоната ќе продолжи на 31 јули, а 22 тима ќе играат понатаму, односно 13 од Западот и 9 од Истокот, а тоа значи дека осум тимови не го продолжуваат натпреварувањето, меѓу кои е и Атланта на Картер.