Висока цена на тврдоглавоста: Маркез направи втора операција на раката!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тврдоглавоста доминира кај возачот Марк Маркез, кој во понеделникот направи нова операција.

Докторите открија дека титаниумската плочка, која беше користена за фиксирање на десната надлактица, била оштетена, па поради тоа Маркез мораше пак да се оперира.

Тој првата операција ја направи на 21 јули поради повреда на патеката во Херез, а во понеделникот беше направен вториот медицински зафат во Барселона.

„Првата операција беше успешна, но не очекувавме плочката да биде недоволна. Поради стрес во оперираниот дел, се случи ново оштетување, па старата титаниумска плочка беше заменета со нова. Марк не чувствуваше болка во текот на периодот, па ги следеше советите на докторите“, соопштија од тимот.