Витсел прави неочекуван потег во кариерата?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот за врска на руската екипа Зенит од Сант Петерзбург Аксел Витсел може во ова лето да ја промени средината.

Иако за неговите услуги долго време се интересираа бројни гиганти на европскиот фудбал, вклучувајќи и Интер, Витсел сепак може да замине таму каде што никој не се надеваше.

Имено, за неговите услуги моментално се интересира екипата на Стоук каде што тој е главна мета.

Стоук Сити со Витсел преговори ќе почнат после Евро, а се смета дека Белгиецот е заинтересиран за оваа опција и заминување во Премиер лигата.

Да потсетиме дека тој во Зенит стигна во летото 2012 година и тоа за 40 милиони евра.