Владата на Македонија ги прими ракометарите: Премиерот Заев му вети 600.000 евра на Вардар!

Ракометарите на Вардар денеска беа на пример кај премиерот на Македонија, Зоран Заев, кој кажа дека ќе предложи да му бидат доделени 600.000 евра на македонскиот и европски шампион.

„Црвено-црните“ се соочуваат со големи финансиски проблеми, па ова ќе биде голема помош за Вардар од страна на Владата.

„Добредојде за Вардар, за играчите и за управата, во Владата. Ви честитам за титулата европски шампион. Ви благодарам за среќата и радоста кои ни ги приредивте. Вие сте шампиони на нашите срца! 

Среќни сме што постои клубот и сакаме да опстане. Затоа, ќе предложам на седница на Влада да доделиме 500.000 евра како награда за постигнатиот успех, а дополнителни 100.000 евра ќе додели и Агенцијата за млади и спорт.

И веднаш, уште од денеска се посветуваме на мерките кои ќе ги преземеме за стабилност на клубот на исто ниво на кое е сега, но и за развој и успешна иднина понатаму.

Ќе се посветиме да изнајдеме начин за натамошната работа преку законски решенија и со помош на државните институции.

Вие им носите радост на граѓаните, а државата ќе возврати со влог во иднината на македонскиот ракомет и македонскиот спорт. ??

Честитки Вардаре!“, напиша Заев.