Влаховиќ ги наполни насловните страни, ама Алегри го искритикува по дебито!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ постигна мајсторски гол на своето деби, но не ја оправда целосно довербата на тренерот Максимилијано Алегри, кој по натпреварот реши да го искритикува новиот напаѓач.

Влаховиќ беше ден од најважните фудбалери во победата на Јувентус, но Алегри откри три работи кои Србинот ќе мора да ги поправи во следниот период.

Тренерот кој се врати во „Старата дама“ по пауза од неколку години кажа дека очекувал многу повеќе од Влаховиќ, иако навивачите се пресреќни.

„Имаше неколку лоши контакти со топката на почетокот на мечот. Мора да работи на тоа. Влаховиќ сака дуели и да се пушти во борба, но има само 22 години и малку искуство. Мора да го поправи и начинот на кој се ослободува од чуварите“, вели Алегри.