Влаховиќ го потроши „кредитот“ кај Алегри – ќе се сели во Германија или Англија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ не блеска ниту оваа сезона, па се шпекулира дека ќе замине од Јувентус на крајот на сезоната.

Италијанска „Ла Стампа“ објави дека српскиот напаѓач си го потрошил „кредитот“ кај тренерот Масимилијано Алегри и Јувентус ќе го продаде за 70 милиони евра.

Заинтересирани за услугите на Влаховиќ се Арсенал и Баерн Минхен, кои летово ќе испратат понуди до премиерлигашот.

Баерн се мачи во нападот оваа сезона и нема класичен напаѓач, а Арсенал не може премногу да им верува на Габриел Жесус и Еди Нкетија.