Влаховиќ го промени бројот на дресот – нема повеќе да носи „седмица“ (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ реши да го промени бројот и од следната сезона ќе ја носи „деветката“ на Јувентус, иако во минатата сезона го носеше дресот со бројот седум.

Влаховиќ во текот на кариерата најчесто го носеше бројот девет, кој му е омилен, но не можеше минатата сезона да го добие затоа што му припаѓаше на Алваро Мората.

Мората од вчера е слободен напаѓач, заедно со Пауло Дибала и Федерико Бернардески, па денеска Влаховиќ реши да ја искористи шансата и да го земе бројот девет.