Влаховиќ ќе бира меѓу Манчестер и Лондон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот голгетер Душан Влаховиќ не блескаше од почетокот на сезоната, но и покрај тоа за него постои голем интерес од Англија.

Дури три тимови се подготвени да тргнат по потписот на Влаховиќ, а тоа се Манчестер јунајтед, Челси и Арсенал.

Ерик Тен Хаг претходно најави дека во јануари ќе бара нов напаѓач, а сериозен во својата намера е и Челси кој има сериозни проблеми сезонава.

Арсенал игра одлично и без Габриел Жесус кој е повреден, меѓутоа дефинитивно ќе им треба нов напаѓач ако сакаат да останат на првата позиција до крајот на сезоната.

Влаховиќ пристигна во Јувентус пред една година, но екипата минува низ тежок период и затоа постои можност да го напушти клубот.