Влаховиќ пристигна на потпис во Торино и веднаш ги воодушеви навивачите на Јувентус 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот голгетер Душан Влаховиќ денеска ќе стане нов фудбалер на Јувентус, кој го договори трансферот вреден 75 милиони евра од Фиорентина, па така младиот фудбалер ќе потпише за тимот од детските соништа.

Влаховиќ пристигна во Торино и веднаш ги воодушеви навивачите, затоа што максимално ги испочитува, односно почна да им дели автограми и да се фотографира, колку што му беше дозволено.

Навивачите на Јувентус го поздравија својот нов идол, кој во следните неколку денови треба да ги заврши и медицинските прегледи и останатите детали од договорот пред да стави потпис на соработка.

Србинот ќе потпише договор на четири ипол години и ќе заработува околу седум милиони евра по сезона, а во Јувентус доаѓа по одличната полусезона во Фиорентина за која постигна 17 голови во Серија А и три во италијанскиот Куп.