Влаховиќ за 70 милиони евра се сели во Премиерлигата?


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Српскиот голгетер Душан Влаховиќ е на одмор по напорната сезона со Јувентус, а калчолигашот во моментов се обидува да договори негов трансфер.

Влаховиќ не ги оправда очекувањата на тренерот Максимилијано Алегри, а на „Старата дама“ ѝ одговара да го продаде далеку од Серија А за 70 милиони евра.

Маурицио Покетино наводно решил Србинот да биде негов главен напаѓач за следната сезона и управата на тимот од Лондон наскоро ќе испрати понуда од 70 милиони евра.

Србинот има желба да заигра во најсилната лига во светот, па во текот на летото би можел да замине за Лондон.