Во 124. минута остана без Мундијал, па му се слоши: Селекторот на Алжир падна на тревата (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Камерун со гол во 124. минута го елиминираше Алжир и се пласираше на Светското првенство, по што домаќините почнаа да тагуваат, а најмногу тоа го погоди селекторот Џамел Белмади.

Белмади падна на тревата и почна да плаче, а поради стресот покрај него беа и членовите на медицинскиот тим кои внимаваа на неговото здравје.

Никој не можеше да го утеши бидејќи знае каква шанса пропуштија, откако во првиот меч славеа победија со 1-0, додека во вториот губеа од 14. минута со голот на Чупо-Мотинг.

Не успеаа да одговорат, па Токо-Екамби во 110 минута погоди уште еднаш да го однесе Камерун на Мундијалот во Катар, каде што ќе биде во четвртиот шешир.