„Во баражот за Мундијалот нема лесни ривали, Македонија не е случајно таму!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Руската фудбалска репрезентација е една од селекциите кои ќе играат во баражот за пласман на Светското првенство во Катар, а Македонија ќе се обиде да избори пласман на Мундијалот за првпат во историјата.

Русите во анализа покажаа дека не ја сакаат Полска, но поранешниот руски репрезентативец Александар Семедов кажа дека Македонија не е лесен противник.

„Нема лесни противници во баражот за Мундијалот. Полска можеби е најтежок од групата на неносители, но во секој случај нема да биде лесно со никого, па и со Македонија. Се надевам дека Русија ќе игра на Светското првенство во Катар“, кажа Семедов.

Ждрепката ќе се одржи следниот петок со почеток од 17 часот.