Во Барселона работат на ангажирање на хрватската ѕвезда


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалскиот гигант Барселона планира да има лето за паметење. Веќе договорија големо засилување во вид на Ентони Гордон, но се подготвуваат за „големи работи“.

Но, летото од соништата може да го пополни хрватскиот репрезентативец кој би требало да ја засили одбраната, Јошко Гвардиол.

Според КОПЕ, Барселона работи на трансферот на поранешниот играч на Лајпциг. Гвардиол беше еден од клучните играчи на Пеп Гвардиола откако пред речиси две години дојде во Сити од РБ Лајпциг во трансфер вреден 90 милиони евра.

Хрватскиот дефанзивец е лев стопер и совршено би се вклопил во Барса системот под Ханси Флик. Сепак, Гвардиол нема да биде евтин за Барселона, со оглед на тоа колку го плати Ман Сити.