Во ек на Светското првенство, завршен е голем трансфер: Бернардо Силва од Мундијалот лета за Мадрид!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Португалскиот играч од средниот ред го напушта Манчестер Сити по години на успеси и кариерата ја продолжува на Сантијаго Бернабеу. Еден од најголемите трансфери ова лето доби и официјална потврда. Бернардо Силва е новиот фудбалер на Реал Мадрид.

Португалскиот репрезентативец потпиша договор со Кралскиот клуб кој ќе трае до јуни 2028 година, со можност за продолжување на соработката до летото 2029 година.

Со тоа заврши една од трансфер сагите која со месеци ги полнеше насловните страници на европските медиуми. Бернардо Силва веќе долго време беше поврзуван со заминување од Манчестер Сити, а на крајот неговата следна дестинација стана токму Реал Мадрид.

Со доаѓањето во Мадрид, португалскиот играч од средниот ред отвора ново поглавје на една импресивна кариера за време на која има освоено речиси сè што може да се освои на клупско ниво.