Во хеликоптерскиот пад починала и една ќерка на Коби Брајант


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Вистинска трагедија го погоди светот откако хеликоптерот на кошаркарската легенда Коби Брајант се урна и во него загина тој, неговата ќерка Џиана Марија и уште три членови на екипажот.

„ТМЗ“ прв ја објави веста за уривањето на хеликоптерот, а веднаш потоа додаде дека животот го загубила и неговата 13-годишна ќерка Џиана Марија – Џиџи.

Коби и Џиана биле на пат кон кошаркарската академија, каде што требало да одржат тренинг.