Во Интер хаос, откажан е тренингот, дали е ова крај на Манчини?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ситуацијата е се посериозна, утрово во прашање беа шпекулации, директорот Ауселио одлека преку „барата“. Во прв план излезе АВБ?

Тој е спремен да замине, рече дека е уморен, јавна тајна е дека е незадоволен со преодниот рок и е одбивањето на новиот сопственик да го доведе Јаја Туре.

Во секој случај, хаотична ситуација не е ништо ново за Интер, но откажан е тренингот, клубот соопшти дека е во прашае логистичка поддршка.

Меѓутоа, тренингот и понатака стои во агендата на сајтот на Интер, планиран е пред заминувањето за Америка, па медиумите шпекулираат дека е во тек разделба со тренерот.

Во Америка побрза и директорот Аусилио со цел да види што се случува, Манчини чека да го отпуштат, нема да се откаже од 4.5 милиони евра колку што му припаѓаат во последната сезона.

Кинезите се нервозни, се зборуваше за Франк Де Бур како мета, но сега во прв план излезе Андре Виљаш Боаш. Прашање е кој ќе се одлучи за авантура во ситуација кога е извесно дека Интер не може еда купува.

Што се однесува до Икарди, понудата на Наполи е одбиена иако отиде до 50 милиони евра со бонуси, Аргентинецот, односно неговата сопруга Ванда Нара се договори околу платата од 6 милиуони евра, клубот е бесен на Аргентинката која ја превзела улогата на менаџер.

Сепак, не смеат да ризикуваат со незадоволство на навивачите и со продажба на најдобриот стрелец, со тоа што тешко ќе се најде замена. Едиствено поголемо купување на Интер кое може да го објави е доведувањето на Кандрева, но и со италијанскиот репрезентативец овој тим нема да биде доволно добар да направи нешто повеќе.

Така тврди Манчини, но во клубот не се согласуваат, се зборува дека главен противник на Манчини, е легендарниот Зенарти кој сака Леонардо да ја превземе клупата и да сочува место за Диего Симеоне.

Во секој случај, ништо не е добро во овој момент, ќе видиме во текот на наредните 48 часови како работите ќе се расплетат.