Во Интер изгубија трпениe: Се откажуваат од Џеко и Лукаку, сега сакаат да го доведат Кавани?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во Интер се и тоа како фрустирани бидејќи преговорите околу трансферите на Един Џеко и Ромелу Лукаку траат веќе недели без никакви поместувања.

Новиот тренер на Интер, Антонио Конте одлучи да доведе двајца напаѓачи и тоа едниот помлад, другиот искусен. Клубот одлучи да ги доведе Лукаку и Џеко, но преговоритe траат многу подолго од очекуваното.

Директорот на Интер, Марота јасно покажа дека е фрустриран што Рома и Јунајтед прават такви проблеми и не е чудо што Интер се сврте кон други решенија.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер покажал желба да го доведе Кавани од ПСЖ, а наводно Мартоа веќе го контактирал Леонардо и се распрашувал околу евентуално ангажирање на Уругваецот.

Кавани има договор со ПСЖ до наредното лето и не би било чудно доколку го продадат со обзир на тоа што не му понудија нов договор.