Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Атмосферата на Чизмата целосно се здрма откако Игуаин го напушти Везув…
Заминувањето на Гонзало Игуаин во Јувентус предизвика верижна реакција на Апенините.
Во подножјето на Везув пристигна Полјакот Аркадијуш Милик, но јавна тајна е дека Наполитанците сеуште го бараат тој главен напаѓач кој барем ќе проба достојно да го замени Пипита.
Првата желба на Аурелио де Лаурентис е Мауро Икарди. Интер не попушта, Наполи не се откажува.
Аргентинецот неодамна успеа да избоксува зголемување, договор до 2020 година и годишни примања од 7 милиони евра, што е за само 500 000 помалку од тоа што Игуаин ќе го добива во Јувентус.
Интер на Икарди вети и 3 милиони евра од продажбата на авторските права на негово име.
И покрај се тоа, Де Лаурентис се надева дека ќе успее со понуда од 60 милиони евра со разни бонуси да успее да го придобие Икарди на Сан Паоло.
Нероаѕурите не седат со скрстени раце. Потенцијална замена за Аргентинецот е никој друг туку напаѓачот на Милан- Карлос Бака!
Така барем пренесува Премиум Спорт и навивачките портали на миланските клубови.
Инаку, Интер е фаворит во преговорите во врска со сензацијата на јужноамериканскиот фудбал – Бразилецот Габриел Барбоса (19).
Нероаѕурите не можат да се потпрат само на него со оглед на тоа дека е млад и нема искуство со играње во Серија А, па со потег за искусна замена за Икарди се наоѓа логика.
Колумбиецот во минатата сезона со 18 голови беше најдобар стрелец на Милан, што беше препорака за фудбалските велесили како Барселона и Пари Сен Жермен, а за неговите услуги се распрашуваше и амбициозниот Вест Хем.
Не треба да се исклучи можноста со продажбата на Милан да се промени клупската политика по прашањето на Колумбиецот.
Како и да е, реномираните италијански медиуми, меѓу кои се истакнува одлично упатениот во трансфер случувањата, Џанлука Ди Марзио, пренесува дека Росонерите се свртија кој нови засилувања.
Бидејќи, Милан досега воглавно штедливо се однесуваше во овој преоден рок.
Изгледа дека работите се променија. Новите сопственици на Милан се должи да заложат 100 милиони евра депозит, од што 15 милиони одма, а 85 милиони кога ќесе официјализира соработката.
Истотака, да потрошат на засилувања 350 милиони евра во наредните три сезони.
За заминувањето на Карлос Бака се зборуваше цело лето, а Милан се сврти кон потенцијални за мени.
Тоа требаше да биде напаѓачот на Јувнетус Симоне Заза, кој кај Старата дама добиваше шанси на лажица и уште не ја прифати понудата на Волфсбург, а Милан до Челси ќе испрати понуда за сонародникот на Бака – Хуан Квадрадо.
Не треба да чуди ако Колумбиецот е голема желба на новиот тренер на Милан Винченцо Монтела, поради тоа што успешно соработуваа во Фиорентина во период од 2012 до 2015 година. Квадрадо за три години постигна 27 голови.
Тектонското пореметување го предизвика Гонзало Игуаин, а нас не очекува многу жешко лето на Апенините…Само што почна…