Во минатото беше вмешан во судири и навивачки групи, а сега ќе ја води Полска

Карол Навроцки ја презеде претседателската функција во Полска, положувајќи свечена заклетва пред полскиот парламент. Неговиот избор предизвика силни реакции во јавноста, бидејќи се поврзува со контроверзно минато со хулиганство и навивачки групи.

Навроцки е познат како долгогодишен фан на фудбалскиот клуб Лехија Гдањск. Повеќето се сеќаваат на неговото учество во скандалозниот настан „70 на 70“ од 2009 година – конфликт помеѓу поддржувачите на Лехија и Лех Познањ, кој остави трага во полското спортско опкружување и безбедносната ситуација.

Иако неговата репутација вклучува етикети на радикален фан и инциденти, Навроцки постепено изгради политичка кариера. Добивајќи значителна поддршка од еден дел од полските граѓани, тој успеа да го промени својот имиџ.

Фото: Принтскрин