Во Наполи соблекувалните и понатаму главна тема: Се огласи и првиот човек на Наполи


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Одамна во Наполи се жалат на состојбата на стадионот, а ова лето конечно се случија одредени промени и реконструкција на Сан Паоло.. Реконструкција е извршена дел поради атлетските натпреварувања, Универзијада, која во Наполи се одржуваше ова лето, а дел поради договорот со градските власти за обнова на стадионот.

Меѓутоа, кога Анчелоти тргна во инспекција во соблекувалните, затекна „катастрофа“, но набрзо стигна одговор од градските власти дека се работи за ситници кои ќе бидат завршени до сабота, кога Наполи конечно ќе го одигра првиот домашен натпревар во новата сезона (првите два натпревари ги играше во гости, токму поради реновирањето).

И навистина утрово се појавија снимки од поприлично средените соблекувални, но приказната тука не заврши.

Де Лаурентис немаше многу замерки за соблекувалните, туку ја искористи приликата да го привлече вниманието на немарниот однос на градот спрема стадионот Сан Паоло.

„Состојбата на Наполи спрема градот не е спорна, но приговори изнесувам веќе 15 гоини. Секогаш сме работеле на одржување на стадионот и сме извршувале работи кои не се бараат од нас…За 15 дена би ги преуредил соблекувалните, но работите зависат од Универзијатата“, истакна Де Лаурентис.