„Во недела ќе плачам од среќа“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Капитенот на фудбалската репрезентација на Португалија Кристијано Роналдо изјави дека во недела ќе плаче од среќа после финалето на Европското првенство.

„Екипата направи чудна работа со пласманот во финалето. Во недела ќе ме видите како плачам од среќа. Секогаш зборувам дека сакам да освојам нешто со репрезентацијата. Веќе 13 години играм на највисоко ниво. Статистиката не лаже и природно е што сме во финалето“, рече Роналдо.

Португалија вечерва го победи Велс со 2:0 и така се пласира во финалето на ЕП во Франција.

Во второто полуфинале се среќаваат Германија и Франција.