Во ново натпреварување на Олимписките игри славеше 13-годишна Јапонка


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Јапонија нема конкуренција во новата дисциплина на Олимписките игри (ОИ) во Токио, а тоа го покажа и 13-годишната Нишија Момиџи која освои златен медал во женски уличен скејтбординг.

Натпреварувањето за жени беше возбудливо, а девојките имаа две возења од по 45 секунди, при што можеа да ги претстават своите вештини и да изведуваат трикови.

Конкуренцијата беше силна, а 13-годишната Јапонка со претпоследниот трик го освои златниот медал, каде што освои 4,66 бодови.

Тоа беше втор златен медал за Јапонија во скејтбординг бидејќи во неделата Јуто Хоригоме освои златен медал во машка конкуренција.