Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Анте Чачиќ изјави дека Португалија е тежок противник, но истакна дека верува во квалитетите на неговата репрезентација.
“Во оваа фаза од натпреварувањето нема лесни натпревари, а ние го добивме можеби за нас најтешкиот. Но, бевме во една од најтешките групи, па успеавме да поминеме и нема причина и во овој натпревар да не влеземе со голема самодоверба. Ја почитуваме Португалија, но ние веруваме во нашиот квалитет, заедништво и карактер”– изјави Чачиќ.
Се до петата минута од судиското продолжение од натпреварот помеѓу Исланд и Австрија, Хрватска во осминафиналето требаше да игра со Исланд, но тогаш Арон Траустасон постигна гол за победа на Исланд од 2:1 и на својата репрезентација и донесе натпревар против Англија, додека Португалија го освои третото место откако одигра 3:3 против Унгарија.