Во Париз го прекинаа молкот – почна војната: Леонардо зборуваше за Мбапе и Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во последните денови од преодниот рок би можел да биде реализиран уште еден голем трансфер, а главен актер е Килијан Мбапе и неговата можна преселба во Реал Мадрид.

ПСЖ во претходните недели создаваше тим од соништата, но сега би можел да загуби еден од најважните играчи затоа што тој сака да замине во Мадрид.

На „Паркот на принцовите“ решија да го прекинат молкот, па спортскиот директор Леонардо откри што се случувало во претходните 24 часа.

„Позицијата на ПСЖ секогаш беше да го задржи Мбапе, односно да го продолжи договорот. Реал испрати понуда која не е доволно добра. Нема да потврдиме, но бевме блиску до 160 милиони евра, а тоа е помалку отколку што го плативме. Имаме проект за Мбапе и нема да го промениме. Ако замине, тогаш тоа ќе биде под наши услови. Немаме планови повторно да зборуваме со Реал за Мбапе. Последен рок е 31 август“, вели Леонардо.