„Во последните пет години Ѓоковиќ е дефинитивно најдобар тенисер!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ уште една година ја заврши на првата позиција на АТП-листата, иако во последно време не делува најдобро на теренот.

Енди Мареј добро го познава Ѓоковиќ и вели дека неговите одлуки на теренот се полоши од претходно и има шанса нешто да му се случува на Србинот.

„Проблемите надвор од теренот се една од причините. Бев повеќе пати во таква ситуација во текот на мојата кариера и поради тие проблеми не сте фокусирани на тенисот и грешите во важни моменти. Сега Новак греши во тие важни ситуации, но тука со години беше најдобар. Во последните пет години Ѓоковиќ е убедливо најдобар. Ретко грешеше со ударите и излегувањето на мрежа“, вели Мареј.