Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот фудбалер Адем Љајиќ стана “persona non grata” во Рома.
Љајиќ (24) во минатата сезона престојуваше во Интер како позајмен играч, меѓутоа миланскиот клуб не сакаше да го откупи неговиот договор и во Рома се чини ќе направат се за да го продадат пред истекот на договорот кој важи до лето 2017 година.
Имаше Љајиќ веќе можност да ја промени средината. На масата имаше конкретна понуда од Торино, меѓутоа не сакаше да игра за помалку примања отколку што има во Рома.
Од друга страна одби преговори со Селта од Виго, а главната причина лежи во тоа што сака да остане во Серија А.
Дека во Рома очекувале веќе да биде продаден потврдува и фактот дека не е на списокот за припреми.
Во Рома се оправдано лути, а ставот на Љајиќ го загрозува и трансферот на Јаго Фалке меѓу Биковите.