Во соблекувалната на Ливерпул “Среќен Роденден” се пее на 12 различни јазици (ВИДЕО)


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Ливерпул оваа сезона покажува неверојатни натпревари, а атмосферата во екипата е на навистина завидно ниво.

Јурген Клоп отсекогаш велел дека атмосферата во соблекувалната мора да биде на највисоко ниво доколку тимот сака да постигне добар резултат. Се чини дека германски стратег успеа да го направи тоа во Ливерпул што најдобро се гледа на теренот.

Во јавноста се појави видео од тренингот на Ливерпул вчера, при што еден од играчитего слави роденденот. Клоп одлучи на славеникот играчите да му ја пеат „Среќен роденден“ на нивниот мајчин јазик.

Така играчите на „црвените“ ја отпеаја песната „Среќен роденден“ на 12 различни јазици, а меѓу нив беше и хрватскиот јазик заради Дејан Ловрен.