„Војна“ меѓу турските суперлигаши за потписот на Мурињо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо е без клуб откако го отпуштија од Рома, а за неговите услуги се заинтересирани неколку турски суперлигаши.

Бешикташ соопшти дека почнале преговори со Мурињо, а тој бил подготвен да почнат соработка, па закажале и втор состанок.

„Пред еден месец разговаравме со Мурињо и следната недела во Италија ќе имаме уште една средба“, кажа потпретседателот на Бешикташ, Хусејин Јусел.

За услугите на Мурињо се заинтересирани и други тимови, па се очекува офанзива по неговиот потпис во следниот период.