Војна во Јувентус: Алегри се скара со сите поради Роналдо!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус лошо ја почна сезоната, па има само еден бод од два меча во Серија А, а сега се појавија и други проблеми во екипата.

Тренерот Масимилијано Алегри им е лут на луѓето од раководството на екипата затоа што дозволиле да си замине Кристијано Роналдо.

Алегри е лут затоа што не бил таков договорот со Андреа Ањели кога реши да се врати во Торино, а притоа Јувентус остана без голема ѕвезда.

Роналдо се пресели во Манчестер јунајтед за 25 милиони евра, а како негова замена Јувентус го купи Мојсе Кин, но никој не се надева дека може да го замени Португалецот.