Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мерцедес и оваа сезона е зад конкурентите Ферари и Ред Бул, а дополнителен удар за тимот е заминувањето на Луис Хамилтон на крајот на сезоната.
Поранешниот возач во Формула 1, Ралф Шумахер во интервју за „Скај Спортс“ кажа дека шефот на Мерцедес, Тото Волф е под голем притисок.
„Тото не е навикнат да губи, а во минатото имаше многу успеси и ова е нова ситуација за него. Нивниот возач исто така заминува и тоа е дополнителен проблем. Волф мора да одговори и да го задржи Мерцедес на врвно ниво за да може да привлече квалитетни возачи“, кажа Шумахер.