Волкановски доби шанса за одмазда – ќе се бори против Махачев!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На настанот во УФЦ кој ќе се одржи на 21 октомври во Абу Даби ќе учествува и австралискиот борец со македонско потекло Александар Волакновски.

Поранешниот шампион Чарлс Оливеира се повреди и нема да се бори против Ислам Махачев, туку тоа ќе го направи Волкановски кој беше резерва за пресметката.

Волкановски и Махачев се бореа и во февруари, а тогаш славеше Русинот, кој е во серија од 12 победи и една одбрана на титулата.

Според многумина ова е грешка на Волкановски зашто прифати битка на 11 дена пред почетокот на настанот.