Волкановски го опиша „пеколот“: Добив удар во окото, не гледав ништо


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Александар Волкановски уште еднаш ја запиша својата историја во УФЦ, победувајќи го Диего Лопез и освојувајќи го шампионскиот појас според одлуката на судиите.

За време на борбата, борецот со македонски корени добил силен удар во левото око, што времено му го замаглило видот. Сепак, не се предаде и продолжи храбро да се бори до крајот.

„Во еден момент примив удар директно во окото и буквално не гледав ништо на тоа око. Се обидував да го вратам видот и полека почнав да гледам, иако заматено. Но, се снајдов, ја следев ситуацијата и го контролирав текот на борбата“, изјави Волкановски по мечот.

Фото: Принтскрин