Волкановски: Мислам дека победив, сакам реванш!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Австралиецот со македонско потекло, Александар Волкановски загуби од Ислам Махачев со одлука на судиите, по што кажа дека е изненаден затоа што не бил прогласен за победник.

На настанот УФЦ 284 кој се одржа во Перт, Австралија, Волкановски се бореше за шампионскиот опјас во лесна категорија, откако претходно доминираше во перо-лесна категорија.

Мислењата на јавноста се поделени, а Волкановски не се сложува со судиската одлука.

„Само што ја изгледав борбата и мислам дека победив, односно бев подобар во втората, третата и петтата рунда. Изненаден сум што не ми беше подигната раката на крајот. Ајде да имаме реванш“, напиша Волкановски на Твитер.