Волкановски: Прифатив луд предизвик, но ќе го шокирам светот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Австралискиот борец со македонско потекло Александар Волкановски донесе храбра одлука и прифати борба против Ислам Махачев, која ќе се одржи на 21 октомври во Абу Даби.

Волкановски влета во последен момент како предизвикувач на Махачев, откако се повреди Чарлс Оливеира.

„Веднаш се согласив да се борам со Махачев. Преговорите беа кратки, сакав да се осигурам дека ќе ми се исплати финансиски. Ако некој може да победи шампион со толку кратки подготовки, тогаш тоа сум јас. Притисокот е врз Махачев“, кажа Волкановски.