Вонредна состојба во Париз: Мбапе донесе одлука, мајка му била кај Ал-Келаифи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Килијан Мбапе го активира алармот на „Паркот на принцовите“, откако објави дека нема да ја продолжи соработката до 2025 година.

ПСЖ го загуби Лионел Меси, пред заминување е Нејмар, бараат нов тренер, а наскоро може да останат и без најголемата ѕвезда.

Парижаните ќе мора да го продадат Мбапе ова лето за да заработат од неговиот трансфер, зашто во спротивно Французинот ќе замине бесплатно идното лето.

Никој, освен Мбапе, во овој момент не знае како ќе се развива неговата кариера. Во меѓувреме и мајка му била кај претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, но не се откриваат повеќе детали од нивниот разговор.